Полувреме: Пелистер води со седум голови разлика против Вардар

360

Пелистер максимално ја искористи ранливоста на Вардар 1961, по првото полувреме води со разлика која е поголема од првата средба (18-11).

„Црвено-црните“ во Битола допатуваа недоволно опоравени, бараа одложување, но не добија, па токму затоа како бекап на клупата се најде Стојанче Стоилов, кој мораше да се жртвува за својот тим.

Актуелниот македонски првак моќно го отвори мечот, поведе со 7-1 по само шест минути игра. Единствениот гол за гостите го постигна Николиќ, Вардар имаше шанса да намали, ама екс-членот Гедбан одбрани седмерец, а потоа врза уште две интервенции.

По серија промашувања на двете страни, Сердановиќ после седум минути го постигна вториот гол за својот тим (7-2). Со два негови погодоци, Вардар 1961 успеа да намали на 9-5 во 14 минута, беше и 11-7. Избраниците на Владо Недановски не искористија две шанси за да дојдат на минус три.

Следеше казна, Пелистер ја постави највисоката разлика, во 22 минута резултатот беше 15-7. По едно вакво сценарио во игра влезе и Стоилов. Гостите успеаја да се вратат со три гола во низа, па Јовиќ повика тајм-аут.

На одморот резултатот е 18-11.

ПретходноНеверојатен гол од 57 метри на фудбалер на Мец (видео)
СледноМилер со најмногу победи во историјата на Бундес лигата