Поранешен репрезентативец на Англија доаѓа во С.Арабија кај Џерард

372

Екипата на Ал Етифак, предводена од клупата од легендарниот Стивен Џерард, во јануари би можела да добие уште едно големо засилување. Поранешниот репрезентативец на Англија, Џеси Лингард би требало да стане нов играч на оваа екипа.

Во моментов Англичанецот нема клуб, а Џерард со поддршка од Хендерсон и Вајналдум прави се за да го донесе во клубот.

Како што пренесуваат странските медиуми, конечната одлука треба да биде донесена во наредните денови.

Ако се биде како што се надеваат сите, Лингард би потпишал преддоговор.

Потоа во јануари би се преселил во Ал Етифак, се разбира откако ќе му се ослободи местото на ростерот.

Тој нема добар период, бидејќи од летото е слободен играч, а сето тоа по лошите игри во Нотингем.

„Ал Етифак е подготвен да понуди преддоговор за јануари 2024 година. Џерард го сака Лингард, а Хендерсон и Вајналдум му помагаат. Конечната одлука наскоро“, напиша Фабрицио Романо.

ПретходноНовото бразилско чудо: Месињо има 16 години, ПСЖ понуди за него 50 милиони евра а тој сака само во Барса!
СледноФерстапен победник на спринт-трката во Остин