Кевин Де Брујн ќе го нема во составот на Манчестер Сити до крајот на годината, а клубот од „Етихад“ веќе размислува да доведе замена. Се зборуваше дека „граѓаните“ ќе му понудат нов договор, меѓутоа тоа нема да се случи, пред се поради честите повреди на Белгиецот.
Актуелниот договор на Де Брујн со Сити истекува во 2025 година, а „Фудбал инсајдер“ пишува дека поради проблемите со неговите повреди соработката нема да биде продолжена. Де Брујн е најплатениот фудбалер на „Етихад“.
И покрај тоа што има 31 година, белгискиот фудбалер се уште игра главна улога во средниот ред на Сити. „Граѓаните“ мора да побараат негова достојна замена, а наводно тоа ќе биде Џамал Мусиала од Баерн Минхен.