Столе го чува Рајо: Димитриевски одбрани пенал на гостувањето кај Лас Палмас (ВИДЕО)

628

Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, повторно блеска на голот на шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано. Денеска неговиот тим гостува кај Лас Палмас во меч од 10. коло во Ла Лига, а нашиот Димитревски е стартер на голот и успеа да ја сочува мрежата по првите 45 минути, иако домашните добија пенал.

Имено, во 34. минута Ел Хадади имаше голема шанса да ги донесе домашните во водство, но неговиот удар од белата точка, Столе успешно го одбрани и не дозволи Лас Палмас на полувреме да оди со предност.

ПретходноПолувреме: Здодевно е на Маџари, шампионот има 0:2 во Ѓорче, Шкупи со водство, Брегалница не искористи пенал! (ВИДЕО)
СледноИ покрај влошените односи: Перез ќе оди во Барселона на „Ел Класико“