Вардар го победи Работнички во битката за Скопје. Вардар одигра одлилчно, токму како што требаше, и освои три големи, екстра значајни бода. “Комитите“ знаеја уште кога беше 0:0 што требаше да прават, истакнаа транспарент на кој пишуваше – Престолнината е црвено – црна.
Вардар со голот на Дарко Мицевски и тоа со гол од пенал, успеа да победи. Чист пенал, судијата Игор Стојчевски убаво виде дека Мурати играше со рака.
Работнички блед, анемичен, иако голем фаворит, само со две вистински шанси. Далеку е овој Работнички од она што се очекува од него.
Сепак денеска е ден за Вардар. Вардар е “фраерот“ во Скопје.