Македонскиот репрезентативец Исник Алими постигна два гола во победата на неговиот тим Сепси од 5:2 против Ботошани во рамките на 13. коло од романската Прва лига. Сепси прекина долга серија порази, а Алими со овие два гола веќе стигна до бројката од 4 постигнати гола за својот тим од почетокот на сезоната.
Првиот гол Алими го постигна од пенал за 2:1, а потоа стрелаше прецизно и за 4:2.
ГОЛОВИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ