Борко Ристовски со кратка порака: „Karma is a bitch“

616

Вардар 1961 со пораз еднаков на победа се врати од жешкото гостување во Битола. Пелистер го имаше мечот во раце, водеше убедливо, но во самиот финиш не успеа да искористи напад за да го превземе лидерското место во групата Б и да пренесе три бода во плеј-офот.

Македонскиот првак уште еднаш потврди дека има проблеми и дека мора да менува нешто доколку сака да биде на вистинското ниво. Пелистер вчера имаше џокер во раце, одби да се одложи дербито, а „црвено-црните“ во ослабен и креков состав дојдоа да одиграат, на крајот заминаа со гордо исправени глави.

По оваа средба, се огласи и извршниот директор на клубот, Борко Ристовски.

„Karma is a bitch“, стави на стори Ристовски, а истата слика ја сподели на Инстаграм потенцирајќи дека секогаш треба да се верува на тимот, кој секогаш го остава срцето на терен. 

ПретходноТони Џангаровски е нов тренер на Македонија Ѓ.П
СледноАвдија со нов договорот од Вашингтон – ќе заработи 55 милиони долари