Верстапен во САД ја впиша 50. победа во кариерата, Хамилтон и Леклер дисквалификувани

443

Новиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен славеше на Големата награда на САД во Остин и на тој начин стигна до јубилејната 50. победа во кариерата. Холанѓанецот тргна од шестата позиција и лесно се пробиваше до самиот врв, па на крајот стигна до 15.победа оваа сезона и го изедначи минатогодишниот рекорд.

На второто место заврши Луис Хамилтон, а на третото Ландо Норис. Неколку часа по трката и церемонијата на доделување на пехарот, Хамилтон и Леклер беа дисквалификувани поради технички неправилности на болидот.

На тој начин Норис е промовиран на второто место, додека на третото заврши Карлос Сајнц.

До крајот има уште четири трки. Претстојниот викенд ќе се вози во Мексико, а потоа во Бразил (5 ноември), Лас Вегас (18 ноември) и Абу Даби (26 ноември).

ПретходноСити ќе му дозволи на скапото засилување да си оди
СледноГију е најмладиот стрелец на дебитантски гол за Барса