Илиев со победа и 11 поени на дебито за Анагенизи

123

Македонскиот репрентативен примач, Стојан Илиев во одлично светло ја почна сезоната во својот нов клуб Анагенизи на Кипар. 24-годишниот репрезентативец дебитираше во кипарскиот шампионат со убедлива победа од 3:0 и со одлични статистички бројки зад своето име.

Во 1. коло од новото првенство на Кипар, новиот клуб на Илиев, Анагенизи, почна со победа на домашен терен против екипата на Карава од 3:0, а нашиот примач имаше ефект од 11 реализирани поени (1 ас), со 62% реализација на добиените топки во напад.

Тоа го направи еден од најдобрите играчи во победничкиот тим и најави одлична сезона за него. Во второто коло кое ќе биде на стартот на следниот месец, Анагенизи ќе има одличен тест против конкурентот Пафос.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Капитенот на Вардар “летна“ од радост па се повреди!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Мазрекај блескаше среде Ѓорче