Манев го победи Трајковски на „Пољуд“ (видео)

379

 

Хајдук доживеа пораз на домашен терен од Осијек со 0:2 во рамките на најсилната хрватска фудбалска лига. Јован Манев беше дел од тимот на Осијек кој славеше со головите на Брлек и автоголот на Лучиќ. Осијек можеше да слави и поубедливо затоа што ја погодија и стативата.

Александар Трајковски играше во нападот на Хајдук до 66 минута при резултат 0:1. Осијек е на петтото место на табелата, а Хајдук кој врза два порази падна на второто.

 

ПретходноПапу Гомез: Јас сум бранител на чистиот спорт, ги осудувам сите форми на допинг
СледноЧкембари со реакција: Катастрофа, мизерија… Очекуваме промени!