Како што попладнево известуваат медиумите во Холандија, раководството на Ајакс одлучило да му врачи отказ на својот тренер Маурис Стејн. Сосема очекувано ако се знае дека Ајакс по негово водство има повеќе од катастрофални резултати како никогаш досега во историјата.
Стејн дојде на клупата на Ајакс ова лето, имаше договор до 2026, но имаше и такви катастрофални резултати што вистинско чудо е како досега го трпеа во најголемиот клуб во Холандија.