ТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Мазрекај блескаше среде Ѓорче

327

Вчера се одиграа сите шест средби од 11.коло во ПМФЛ. Шампионот, тимот на Струга ТЛ дојде во Ѓорче со намера да победи и тоа го оствари, и тоа со убедлива победа од 0:3. Ментор Мазрекај, напаѓачот на стружани едноставно блескаше, со една убава асистенција и со гол, просто беше нерешлива загатка за “лавовите“. Токму затоа “СпортСпорт“ се одлучи тој да биде играч на ова коло. Покрај него од Струга ТЛ во тимот на колото се и Згуро и Ибраими.

Од Вардар тука се Мишковски и стрелецот на победничкиот гол Мицевски, потоа Ристовски (Силекс), Марушиќ (Воска), Потук (Гостивар), Антонио (Брера Струмица), Илјази и Илиески (Шкупи).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МЕНТОР МАЗРЕКАЈ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 08.02.1989 (Косово)

Кариера: Приштина (КОС), Партизани (АЛБ), Феризај (КОС), Фортуна Осло (НОР), Љапи (КОС), Лачи (АЛБ), Струга ТЛ

ПретходноИлиев со победа и 11 поени на дебито за Анагенизи
СледноСагосен: По повредата на тренинзите се вратив со 107 килограми