Авдија со нов договорот од Вашингтон – ќе заработи 55 милиони долари

185

Израелскиот кошаркар со српски корени, Дени Авдија ќе потпише нов четиригодишен договор со Вашингтон Визардс по кој ќе заработи 55 милиони долари. Овој 22 годишен кошаркар во 2020 година пристигна во НБА откако беше избран како деветти пик на драфтот.

До сега одигра 212 натпревари во НБА, со просек од 8,1 поен, 5,5 скокови и 2,1 асистенции.

Пред Вашингтон настапуваше за Макаби Тел Авив со кој освои три шампионски титули.

ПретходноБорко Ристовски со кратка порака: „Karma is a bitch“
СледноПРВА ЛИГА ЖЕНИ: Баскет Кам и Вардар со максимален ефект