Алими постигна два гола во победата на Сепси (ВИДЕО)

249

Македонскиот репрезентативец Исник Алими постигна два гола во победата на неговиот тим Сепси од 5:2 против Ботошани во рамките на 13. коло од романската Прва лига. Сепси прекина долга серија порази, а Алими со овие два гола веќе стигна до бројката од 4 постигнати гола за својот тим од почетокот на сезоната.

Првиот гол Алими го постигна од пенал за 2:1, а потоа стрелаше прецизно и за 4:2.

ГОЛОВИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ

ПретходноСферопулос тргна со победа на клупата на Ц. Звезда
СледноРеал Мадрид го купува еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен за само 45 милиони евра!