Грчкото дерби прекинато, фудбалер на носилки изнесен од теренот

713

Дерби мечот од грчкото првенство помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос е прекинато на почетокот на второто полувреме откако домашните навивачи со петарда го погодија резервниот играч на „зелените“ Хуанкара.

Првото полувреме беше изедначено, но гостите подобро се снајдоа и во 28. минута поведоа со голот на Вагианидис.

Пред крајот на полувремето Камара погоди за изедначување.

А потоа Хуанкар беше погоден со петарда при славење на навивачите во моменти кога се загреваше.  Италијанскиот судија Мареска ги испрати играчите во соблекувалната и го прекина мечот.

 

 

ПретходноПиоли: Не бевме послаби од Јувентус, дури и кога игравме со 10 играчи
СледноВитомир Трајковски со бронза на Светските боречки игри