Ликот на Адолф Хитлер се појави на семафорот за време на меч

1640

Пред натпреварот од Универзитетската лига во американски фудбал помеѓу Мичиген Стејт и Мичиген Волверинс на семафорот се појави ликот на водачот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер.
Сите на стадионот останаа во неверување и се чудеа како ликот на овој диктатор се појави на стадионот, а на крајот открено дека се работи за голем пропуст на организаторот.
Причината на појавувањето на ликот на Хитлер на екранот била поврзана со квиз со кој навивачите се анимираат пред стартот и на полувреме од натпреварот. Едно од прашањата било во која држава е роден Адолф Хитлер, а кога Австрија се појави како одговор се појави и ликот.
Составувачите на квизот не гледаат проблем и го оценуваат ова како нормално прашање од историјата, но голем дел од светот се згрозени затоа што му даваат значење на еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото.
Од клубот ги суспендираа одговорните лица, додека од клубот најавија дека нема повеќе да соработуваат со провајдерот кој е задолжен за пласирање на содржини.

ПретходноМега криза во Базел – закован за дното на табелата во швајцарската Супер лига
СледноРоналдо за пензионирањето: Ќе ги одиграм оваа и следната сезона, а потоа ќе си го погледнам телото и ќе одлучам