Кошаркарите на Мега успеаја да му го нанесат првиот пораз на Партизан во тековната сезона на АБА лигата. Пред се благодарение на одличната игра во првите 25 минути, на крајот Мега славеше со 88:86 со неверојатен исход во последната секунда!
Од самиот почеток Партизан беше со многу проблеми во организацијата на нападот, како и во скокот, кој веќе сезонава станува хроничен проблем за „црно-белите“ и поради што навивачите упорно апелираат за ангажирање на уште две засилувања.
Мега стигна до 20 разлика, благодарение на поените на Никола Топиќ за 52:32, но откако истиот доби четврта лична грешка Партизан почна да ја топи предноста.
На три минути до крајот, Нанели го враќа Партизан во игра, а Камински на крајот израмни на 82:82. Мега го имаше последниот напад, „црно-белите“ решија да се бранат без фаули, а во последната секунда Топиќ шутираше, а Трифуновиќ обидувајќи се да ја фати топката постигна автокош со звукот на сирената!