Урнебесен момент за еден млад фан на Манчестер Сити. Влегува во такси, а таму на задното седиште е никој друг туку Пеп Гвардиола. Во прв момент детенцето не верува дека ќе се вози со славниот стратег на неговиот омилен тим, но откако се уверува дека покрај него е Пеп, тоа веднаш има молба, порака или совет до својот, сега веќе, голем пријател.
“Меси ти е пријател, ќе можеш ли да му се јавиш за да дојде кај нас?“.
На ова Пеп се изнасмеа и одговори дека тоа е тешко остварливо.
Во секој случај интересно видео…