Рома ја совлада Монца со 1:0, а натпреварот го одбележа гримасата на Жозе Мурињо кон противничката клупа поради што доби црвен картон и беше испратен на трибините. Прво со раката покажа дека плачат, а потоа дека премногу зборуваат.
Поради тоа Жозе нема да биде на клупата на Рома на следниот меч против Интер.
„Не знам зошто бев исклучен. Не кажав ништо навредливо, само гестикулирав. Минатата сезона одигравме одличен меч во Монца и по последниот судиски свиреж имаше луѓе кои нè критикуваа. Денес, единствената клупа која направи шоу и вршеше притисок врз судијата беше клупата на Монца. Не критикувам, но велам дека не треба да пцуеш по натпреварот. Тие се добар тим, имаат одличен тренер само нема потреба од такви работи“, изјави Мурињо.
José Mourinho did this towards the Monza bench after Roma scored a late winner.
Of course he received a straight red 😅
(via @CBSSportsGolazo)pic.twitter.com/RorlhZbMGU
— B/R Football (@brfootball) October 22, 2023