Не тајна дека Реал Мадрид веќе извесно време си има проблем на таа лева бековска позиција. Па затоа “кралевите“ сакаат тоа болно прашање да го решат со Алфонсо Дејвис, репрезентативецот на Канада и еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен.
На Дејвис договорот му истекува во јуни 2025 година, но тој постојано одбива да го продолжи истиот.
Со оглед на тоа Реал “влегува“ во игра за трансфер во јуни со 45 милиони евра, сума со која “баварците“ се задоволни.
“Билд“ открива дека овој трансфер веројатно ќе се случи следниот јуни.