Тотенхем со 2:0 го совлада Фулам и остана лидер на табелата во англиската Премиерлига по девет одиграни кола. „Спарси“ вечерва ја осварија седмата сезонска победа и сериозно се наметнуваат меѓу најсериозните кандидат во битката за титулата во едно од најсилните европско национални пренства.
До седмата победа, Тотенхем го предводеа уште еднаш фантастичниот Сон кој постигна гол и една асистенција, како и Медисон кој одигра одличен меч и постигна гол. Резултатот беше отворен во 36. минута кога Сон погоди за водство, а печат на победата стави Медисон со голот во 54. минута по асистенција на Сон.
Фулам остана на 11 бода на контото со кое се одржува на 13. место на табелата.