ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Струга Трим Лум)

133

Без разлика каков тим има Македонија ЃП и во каква форма е, сепак познато е дека низ историјата тешко се освојуваат бодови во Ѓорче, уште потешко е да ги победиш “лавовите“ со 0:3 на нивни терем а и да ги надиграш како ретко кој.

И тоа вчера се случи. Тимот на Струга ТЛ одигра квалитетно, речиси се беше идеално во составот на шампионот, тактички беспрекорно, и кога е така, а така е, тогаш јасно е зошто Шпетим Дуро според „СпортСпорт“ е тренер на 11.коло во ПМФЛ.

Оваа победа беше и слатна одмазда на стружани откако во мај го загубија финалето во Купот токму од Македонија ЃП.

ПретходноАлександар Васоски: Во ДНК на Вардар е никогаш да не се предава, повредата на Мицевски не изгледа добро!
СледноКоментар на 11.коло: Ужас, катастрофа…ова беше најлошиот меч на Работнички во изминатите две децении!