Ретко кој очекуваше дека Вардар, во соседското дерби бр.74 ќе успее да го победи големиот фаворит, тимот на Работнички. Но, ете, Вардар победи и тоа апсолутно заслужено и тоа со гол од пенал, оправдано досуден, и успеа да ги израдува своите фанови. Дарко Мицевски, капитенот на Вардар во таа 77.минута од дербито успеа да го реализира пеналот, а потоа “летна“ од радост кон своите фанови, и се повреди па потоа мораше да излезе.
Се чини дека не чини и премногу да се радуваш, ама кога Вардар е во прашање тогаш таа радост мора да биде голема.