Што е она што го има МЗТ Скопје, а го нема Работнички?

869

Вечното дерби број 163 е зад нас. Иако уште на стартот на сезоната очекувавме пресметката меѓу градските ривали Работнички и МЗТ Скопје да биде вистинско одмерување на силите на теренот, сепак тоа не се случи.

Актуелниот бранител на титулата ги извади на површина проблемите на „црвено-белите“, посочувајќи дека треба уште многу да работат, за да достигнат едно ниво по кое очајуваат веќе години наназад.

Стариот сјај не се враќа на хартија, за стариот сјај треба многу повеќе од „имаме пари, ги решивме проблемите, претходните не работеле како што треба, сега ние ќе направиме се како што треба“.

Работнички прво мора да создаде хемија, нешто што МЗТ Скопје веќе го има одамна. Актуелниот првак ангажира странци (дел ги правдуваат целите, дел не), но најважно добро ги одбира македонските кошаркари.

Тимот од Аеродром поседува богатство, а тоа се браќата Војдан и Дамјан Стојановски. Двајцата го имаат она што многумина не го поседуваат, „сенс“ за немоќта на противникот, а заедно со нивниот победнички менталитет и упорност, на МЗТ Скопје му носат бројни победи. Кога не им оди на другите, секогаш одговорноста ја превземаат или Војдан или Дамјан.

Сепак, ниту во МЗТ Скопје не треба да спијат на таа страна од перницата, бидејќи Војдан и Дамјан, не можат секогаш да ги вадат, мора да се мисли многу подобро и рационално, да се гледа пошироката слика, а не моменталната.

Тука во ова друштво со Војдан и Дамјан, кој ја прават алката целосна, од искусните е Бојан Крстевски, кој за жал се повреди. Минатата сезона сите странци добро ги научија вредностите на МЗТ Скопје, но и значењето на дерби пресметките со Работнички.

Сезоната штотуку започна, има за играње уште многу, има и надеж за најтрофејниот кошаркарски колектив за да изгледа на теренот компактно, а распложливите сили да се користат соодветно.

На македонската кошарка и треба силен Работнички и силен МЗТ Скопје, само така може да се вратат старите добри времиња кога за овие градски дуели се збореше една недела пред истите, кога салите беа исполнети до последното место, се „војуваше“ и на трибините и на теренот.

ПретходноКоментар на 11.коло: Ужас, катастрофа…ова беше најлошиот меч на Работнички во изминатите две децении!
СледноТоа е фудбалот: Емоциите на најблиските на Гију по неговиот деби гол за Барса! (ВИДЕО)