Тинејџерот Марк Гију го постигна дебитантскиот гол за Барселона на мечот со Атлетик Билбао и тоа само 30 секунди откако влезе во игра. Тоа се случи во 80 минута, а неговиот гол ја донесе победата за шпанскиот шампион и така со 17 години и 291 ден стана најмладиот стрелец на дебитантски гол за Барса во 21. век.
Барселона по 10 меча има 24 бода и скор од седум победи и три ремија. Билбао е на шестото место со 17 бода.
Следниот меч на Барселона е против Шахтјор во ЛШ, но Гију ќе нема да може да настапи и да се покаже во елитното европско клупско натпреварување затоа што не е регистриран таму.
MARK GUIU WHAT A GOAL pic.twitter.com/LO8z8Jn4hI
— ZIAD IS HAPPY FOREVER 🇦🇷 (@Ziad_EJ) October 22, 2023