Мега криза во Базел – закован за дното на табелата во швајцарската Супер лига

478

Чудни работи се случуваат во фудбалска Европа оваа сезона. Во холандската Ердивизија трофејниот Ајакс е претпоследен на табелата, седумкратниот француски шампион Лион нема победа и после 9 одиграни кола, а во Швајцарија 20-кратниот шампион Базел е закован за дното на табелата.

Базел по 10 одиграни кола има само пет освоени бода. Клубот во 2017 година ја освои последната титула, а од тогаш доминацијата им ја препушти на Јанг Бојс. И покрај тоа Базел се бореше за титула, четири пати завршуваше како вицешампион.

Минатата сезона Базел заврши на петтото место. А оваа сезона на стартот забележа победа над Винтертур на 30 јули и од тогаш нема победа. Седум порази и две ремија. 18 поени помалку од лидерот Цирих.

Од почетокот на минатата сезона па до сега Базел смени шест тренери. Само оваа сезона двајца. На 30 јуни беше отпуштен Хајко Вогел, а беше донесен Тимо Шулц кој „издржа“ до 28 септември, па се врати Вогел кој запиша три едноподруго порази.

Дали ќе има нова тренерска смена останува да видиме. Базел е познат по „производство“ на млади фудбалери кои потоа ги продава за високи суми во големите клубови. Но секогаш наоѓаше нови кои ја продолжуваа шампионската традиција. Но очигледно во последните две сезони нема доволни квалитетни играчи за да се носат со останатите.

 

ПретходноЧкембари со реакција: Катастрофа, мизерија… Очекуваме промени!
СледноЛикот на Адолф Хитлер се појави на семафорот за време на меч