Пиоли: Не бевме послаби од Јувентус, дури и кога игравме со 10 играчи

360

Јувентус го совлада Милан со 1:0 и тоа на „Сан Сиро“ во рамките на Серија А. „Росонерите“ од 40 минута играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Малик Тиав. Во составот ги немаа Мањан, Хернандез и Лофтус-Чик поради повреди, а тренерот Стефано Пиоли е задоволен од тоа како неговата екипа одиграла на дербито иако била со 10 фудбалери.

Јувентус победи со својот прв шут кон голот, Мануел Локатели стрелаше од далечина во мрежата на противникот во 63. минута.

Обично не зборувам со тимот после натпреварите, затоа што има премногу тензија, адреналин, а по мечот и разочарување. Тоа не е резултат кој го посакуввме, игравме добро 11 фудбалери, игравме добро и со 10 фудбалери и не бевме послаби во однос на Јувентус. Затоа мислам дека заслуживме подобар резултат“, изјави Пиоли.

Тиав доби црвен картон во дуел со Моис Кин.

За црвениот картон, тоа беше наивна грешка, индивидуална и тимска. Тиав требаше да застане отколку да го брка противничкиот играч, Освен тоа бековите беа на погрешна позиција. Во исто време, Тиав немаше среќа во тој дуел затоа што се лизна и направи фаул, требаше подобро да ја одработи ситуацијата“, додаде Пиоли.

По црвениот картон на Тиав, Пиоли го замени Пулишиќ со Пјер Калулу.

Одлучив Леао и Жиру да играат заедно против тројца дефанзивци на Јувентус, а освен тоа да одработуваат и дефанзивни задачи. Немам замерки кон нив, тие добро си ја одработија задачата. Во второто полувреме добро тргнавме, меѓутоа средниот ред не беше во вистинскиот ритам. Интензитетот во тој дел се изгуби, меѓутоа и покрај тоа не му дозволивме на Јувентус да направи речиси ништо. Овој пораз нема да не обесхрабри. Ќе се обидеме да се рехабилитираме и на следниот меч да победиме“, додаде Пиоли за „ДАЗН“.

 

ПретходноГију е најмладиот стрелец на дебитантски гол за Барса
СледноГрчкото дерби прекинато, фудбалер на носилки изнесен од теренот