Кристијано Роналдо, кој продолжува да игра добро за тимот на Ал Наср но и за националниот тим на Португалија, откри дека по завршувањето на идната сезона ќе процени дали ќе ја продолжи кариерата, а одлуката ќе зависи од тоа како физички се чувствува.
„Фановите ме прават среќен и јас одговарам на нивните повици. Ќе ја одиграм оваа и идната сезона, а потоа ќе си го погледнам телото и ќе оценам дали можам да продолжам или не. Напорната работа е тоа што ме однесе на врвот“, изјави Роналдо за португалски „O Jogo“.
Португалецот од јануари 2023 година игра за Ал Наср. По 12 меча во сите натпреварувања Роналдо има 12 гола и 6 асистенции.