Најдобриот ракометар на Колштад, Сандер Сагосен за ТВ2 откри дека по повредата на зглобот тој имал вишак на килограми. Четири месеци траела рехабилитацијата, а за тоа време одел во вежбална, едвај трчал. Токму поради тоа стигнал до 107 килограми, од Колштад по првата средба му наложиле дека мора да ослабе.
„Откако го скршив зглобот, се вратив на тренинзите со 107 килограми тежина бидејќи четири месеци се опоравував во вежбална. Едвај трчав. На нашата прва средба со тренерите на Колштад ми рекоа да ослабам неколку килограми. Ова беше единствениот начин за да станам најдобрата верзија од себе. Ако тренерите мислат дека тоа е правилно, играчите треба да слушаат.
По подолго време се чувствувам дека сум во најдобра форма, благодарение на тоа што изгубив околу 10 килограми. Почнав да му користам на тимот, играм поефикасно“, изјави Сагосен.