Сон и Медисон го чуваат Тотенхем на врвот на Премиерлигата (ВИДЕО)

197

Тотенхем со 2:0 го совлада Фулам и остана лидер на табелата во англиската Премиерлига по девет одиграни кола. „Спарси“ вечерва ја осварија седмата сезонска победа и сериозно се наметнуваат меѓу најсериозните кандидат во битката за титулата во едно од најсилните европско национални пренства.

До седмата победа, Тотенхем го предводеа уште еднаш фантастичниот Сон кој постигна гол и една асистенција, како и Медисон кој одигра одличен меч и постигна гол. Резултатот беше отворен во 36. минута кога Сон погоди за водство, а печат на победата стави Медисон со голот во 54. минута по асистенција на Сон.

Фулам остана на 11 бода на контото со кое се одржува на 13. место на табелата.

ПретходноМега му го нанесе првиот пораз на Партизан во АБА лигата
СледноМлад фан на Сити со молба до Пеп: Меси ти е добар пријател, ќе можеш ли да му се јавиш за да дојде кај нас! (ВИДЕО)