Тони Џангаровски е нов тренер на Македонија Ѓ.П

648
Тони Џангаровски ја доби довербата за нов шеф на стручниот штаб на Македонија Ѓ.П, заедно со Боби Божиновски кој ќе биде прв асистент.
„Без размислување го прифаќам предизвикот бидејќи верувам во успех со оваа екипа. Веќе на следниот натпревар ќе покажеме дека Македонија ЃП е победничка екипа“, рече Џангаровски.
Инаку смената на тренерска клупа доаѓа по вчерашната разделба на “лавовите“ со Горан Симов, и тоа убедливиот пораз од Струга ТЛ на свој терен во Ѓорче со 0:3. Факт е дека Македонија ЃП оваа есен, во изминатите 11.кола далеку беше од очекувањата и поскаувањата на раководството на клубот и нејзините фанови. Освоени се само 11 бода, доволно за долниот дел на табелата.
Инаку Тони Џангаровски е некогашен првотимец на Македонија ЃП, веќе извесно време беше дел и од стручниот штаб, па така ова беше логично решение.

ПретходноРоналдо за пензионирањето: Ќе ги одиграм оваа и следната сезона, а потоа ќе си го погледнам телото и ќе одлучам
СледноБорко Ристовски со кратка порака: „Karma is a bitch“