Манчестер Јунајтед неочекувано е најгрубиот тим во Премиер лигата според податоците од последните пет сезони. Проучување направено од партнери на британскиот таблоид „Сан“, за посочениот период „Црвените ѓаволи“ имаат 386 жолти картони и девет црвени картони.
За да се направи табела, се прави збир од поени од кои за секој жолт картон се добива еден поен, додаде црвениот картон носи два поени.
Просечно Манчестер Јунајтед има 2,04 поени по меч. На второто место е Евертон, па следуваат Тотенхем, Вулверхемптон и Арсенал. Десетката ја затвораат Њукасл, Кристал Палас, Брајтон, Челзи и Вест Хем.
А најмногу црвени картони добиле тимовите на Евертон и Арсенал – по 17, меѓутоа поголемиот број на жолти картони го ставаат Јунајтед на врвот.
KOJ E НАЈГРУБИОТ ТИМ ВО ЕВРОПА?
Прочувувањето го посочи и најгрубиот тим од петте најсилни првенства во Европа. Тоа е шпанскиот Хетафе, кој во последните пет сезони има 652 жолти картони и 39 црвени. На второто и третото место исто така се шпански тимови – Севиља и Атлетико Мадрид.