Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала сè уште работи на неговото закрепнување и ќе помине дополнителни медицински тестови за да се утврди дали ќе може да се врати на теренот за гостувањето кај Интер следниов викенд.
Дибала (29) ги пропушти последните два натпревари за гигантот од Рим против Монца во Серија А и против Сервет во Лигата на Европа, откако заработи повреда на лигаментите на левото колено во победата од 4-1 над Каљари на 8 октомври.
Аргентинецот е клучна фигура во составот предводен од Жозе Мурињо. Тој во дебитантската сезона со Рома постигна 18 гола и имаше 8 асистенции на 38 натпревари. Во понеделникот Пауло Дибала тренираше индивидуално и речиси без болки во повреденото колено, но Рома нема да ризикува со предвремено враќање на терен.