Непрофесионално: Осимен ги “откачи“ фановите на Наполи! (ВИДЕО)

355

По се изгледа дека на Виктор Осимен, напаѓачот на Наполи славата полека како да му пречи. Имено Нигериецот деновите на излегување од клускиот тренинг центар со својот автомобил, просто ги “откачи“ фановите и не ги удостои со давање на автограми.

Видно изнервиран прво гневен потпиша еден дрес, потоа ги затвори прозорците од својот автобил и чекаше гужвата кои ја создадоа десетина фанови на Наполи, малку да се расчисти па си замина.

Јасно е дека славните фудбалери, посебно најдобрите во светот како што е Осимен, си имаат проблеми со “здодевните“ фанови, но ова беше негов крајно непрофесионален однос кон тие што го сакаат Наполи и што им е идол.

ПретходноПелистер се раздели со Шундовски и Јовиќ, тренерското место за Ангеловски!
СледноДракслер без објаснување го напушти теренот за време на мечот (видео)