Пелистер се раздели со Шундовски и Јовиќ, тренерското место за Ангеловски!

997

Пелистер во иднина ќе има ново тренерско место. Откако не успеаја да го водат битолскиот тим според очекувањата, Пелистер се раздели со Звонко Шундовски и Александар Јовиќ. Првиот од морални причини се повлекол, а додека вториот бил разрешен од раководството на македонскиот првак.

Додека падне одлука за наследникот, тренерското место против Кјелце (меч кој се игра утре) ќе му припадне на Банко Ангеловски.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека досегашниот тим менаџер на екипата г-дин Звонко Шундовски од морални причини се повлекува од клупата на нашиот клуб. Управата на клубот одлучи да го разреши од прв тренер на екипата и г-дин Александар Јовиќ. Во наредните натпревари до донесување на конечна одлука околу изборот на тренер, екипата ќе ја води г-дин Бранко Ангелковски. Во оваа прилика РК Еурофарм Пелистер упатува огромна благодарност до г-дин Звонко Шундовски и г-дин Александар Јовиќ за целиот нивен досегашен допринос за клубот. Под водство на Јовиќ и Шундовски нашиот клуб ја освои титулата во сезоната 2022/23“, се вели во соопштението на Пелистер.

Јовиќ и Шундовски требаше да донесат поубави денови во Битола, но во Лигата на шампионите, македонскиот првак запиша пет порази во исто одиграни мечеви, а чашата ја прели мечот против Вардар на домашен терен, кој Пелистер го доби со четири гола разлика. Болката е голема бидејќи „црвено-црните“ допатуваа со 14 играчи, половина од нив беа недолечени по проблемот со вироза.

Пелистер на почетокот на сезоната не покажа ниту еднаш дека навистина е во добра насока.

ПретходноКапело: Касано пред секој меч порачуваше помфрит, затоа постојано се расправавме!
СледноНепрофесионално: Осимен ги “откачи“ фановите на Наполи! (ВИДЕО)