Прво европски гостување: Ла Риоха е новиот предизвик за Алкалоид!

197

Алкалоид вечерва продолжува со својата мисија во дебитанската сезона во Европската лига. Македонскиот вицепрвак во својата клупска историја ќе го запише и првото првото европско гостување.

Домаќин на избраниците на Кирил Лазаров е Ла Риоха, дуелот се игра во 20:45 часот во Логроњо.

И шпанскиот тим влегува во друштвото на силни противници во групата Ф, исто како и Алкалоид вечерва ќе ја бара првата победа оваа сезона, откако на стартот беше совладан од Силкеборг на гости.

На другата страна пак младиот состав на Алкалоид беше совладан од Војводина на премиерата, ова беше меч на кој македонскиот вицепрвак имаше пет промашени седмерци, доволно за да еден искусен состав како српскиот шампион да го искористи и да го претвори во победа.

Алкалоид утринава го одбработи вториот тренер, а вечерва ќе игра пред околу 1500 гледачи.

Лазаров и неговите момци на дуелот со Ла Риоха влегуваат после нова победа во домашниот шампионат, без проболем славеа против Скопје, додека пак на другата страна Ваљадолид за кого настапуваат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски го надиграа составот на Ла Риоха совладувајќи го со 29-25.

ПретходноСудии за Куп: Пројковска ќе и суди на Брегалница, Трпчевски “главен“ на “езерското дерби“
СледноСтаврев “главен“ на мечот од ЛК меѓу Генк и Ференцварош!