Уште една европска обврска за напшиот интернационален судија Александар Ставрев. Судија кој пред две недели на мечот во Охрид, меѓу Воска и Македонија ЃП воопшто не се прослави, кога досуди два непостоечки пенали.
Сепак Ставрев во четврток е делегиран за главен судија на мечот во Белгија меѓу Генк и Ференцварош, меч од 3.коло во групата -Ф во Лигата на Конференции.
На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов, Гоце Петрески и Марјан Дејаноски.
Инаку ВАР судиите на овој меч се од Хрватска.