Триумфот на Баерн Минхен на гостувањето кај Мајнц, донесе тоа да Бундеслигата сега има нов рекордер. А тоа Томас Милер, ветеранот на “баварците“ и репрезентацијата на Германија.
Овој триумф за него беше 323 во кариерата и сосема доволно да се искачи на првото место на ранг листата на играчи со најмногу победи во историјата на Бундеслигата.
Милер има 34 години, досега одиграл 449 натпревари во елитната лига на Германија, а се радувал на 323 победи или една повеќе од досегашниот рекордер Мануел Ноер.