Столе Димитриевски е најдобриот голман во 10.коло во Ла Лига. Имено Македонецот беше фантастичен на голот на Рајо на гостувањето кај Лас Палмас, во меч кој неговиот тим победи со 0:1. Но затоа Столе не само што одбрани пенал, туку во неколку наврати го одбрани својот гол на перфектен начин. Токму затоа и високата оценка за неговиот настап од 8.85, и токму затоа се најде во идеалниот тим на 10.коло.
Браво за Столе.