Поранешниот германски репрезентативец Јулијан Дракслер, кој сега игра за катарски Ал Ахли го напушти теренот без објаснување во судиското продолжение од дуелот со Катар СЦ. Дракслер постигна два гола во второто полувреме од мечот, но тоа не беше доволно за неговиот тим да извлече бод затоа што загуби со 2:4 на домашен терен во 6.коло од катарскиот шампионат.
Дракслер ја подаде топката и се упати кон соблекувалните иако судијата се уште не свирна крај. Веројатно лут од резултатот и тоа што се работи за последни секунди од мечот процени дека нема шанси тој и неговиот тим да направат нешто.
[Ex-PSG] Julian Draxler craque et quitte le terrain sans raison pic.twitter.com/YdizcpaJxt
— Le Meilleur du PSG (@LMDPSG) October 23, 2023