ЛШ: Галатасарај создаваше шанси, Баерн победи, три бода и за Интер (ВИДЕО)

154

Фудбалерите на Баерн (М) и Интер остварија победи на првите мечеви од 3. коло во Лигата на шампионите.

Вечерва во Истанбул, Галатасарај иако имаше извонреден перформанс во првото полувреме во кое упати 16 удари кон противничкиот гол, со неколку зицер-шанси кои не успеа да ги реализира, на крајот беше поразен од германскиот првак Баерн (М) со 1:3. Баварците поведоа преку Коман во 8. минута, а по неколку промашени шанси, Икарди од пенал израмни на 1:1, резултат со кој се замина на пауза.

 

Во вториот дел Галатасарај продолжи со агресивен и напаѓачки фудбал, но Баерн (М) трпеливо ги чекаше своите две шанси, кои преку Хари Кејн и Мусиала на крајот ги претвори и во убедлив триумф кој уште по ова коло му обезбедува пласман во нокаут-фазата на пролет.

Интер малку се помачи против Салцбург, но на крајот славеше со 2:1. Ветеранот Алексис Санчез погоди во првиот дел за водство од 1:0, па на стартот на второто полувреме со еден прекрасен гол Израелецот Глух израмни.

 

Набрзо по овој гол Интер доби пенал, кој Чалханоглу умешно го претвори во водство и победа од 2:1. Интер останува прв во групата пред Реал Соссиедат кој вечерва ќе и гостува на Бенфика.

Претходно„Тројка“ на Талески во првата победа на Бенфика во Европската лига
СледноТонали се договорил за 10-месечна суспензија поради скандалот со обложување!