ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Реал и Арсенал единствени со погодоци за водство (ВИДЕО)

103

Реал (М) и Арсенал се единствените два тима кои вечерва успеаја да погодат по првите 45 минути на мечевите од 3. коло во групната фаза на ЛШ.

Реал (М) замина на пауза со водство од 1:0 на гости кај Брага, благодарение на голот на Родриго во 16. минута по асистенција на Винисиус Жуниор, додека Арсенал во четвртата минута од надополнувањето на гостувањето кај Севиља, успеа со една маестрална контра да дојде до водство преку Мартинели.

 

Габриел Жезус освои топка во половината на „топчиите“, со фантастичен потег се ослободи од противниците, во простор го проигра Мартинели кој го мина и голманот на домашните и погоди за водство.

На останатите четири средби У. Берлин – Наполи, Бенфика – Реал Сосиедад, Ленс – ПСВ и Манчестер Ј. – ФК Копенхаген немаше погодоци.

ПретходноРомано: Санчо мора да си оди од Манчестер Ј. во јануари
СледноМурињо останува без Дибала и за дербито со Интер