Во интервју за „Газета дело Спорт“, мајката на Килијан Мбапе, Фајза Ламари откри некои информации од детството на францускиот репрезентативец. Таа посочи дека нејзиниот син како мал навивач за Милан.
Токму во среда ПСЖ ќе игра со Милан, а младиот напаѓач ќе се соочи со „росонерите“.
„Кога ќе дојдеше дома, зборуваше само за Милан. Кога тие ќе изгубеа, го фрлаше далечинското кон телевизорот и пцуеше на италијански јазик“, изјави Ламари.
ПСЖ првпат ќе игра со Милан во ЛШ.