Навивачите на Баерн нападнати од фановите на Галата (ВИДЕО)

565

Галатасарај вечерва во Истанбул го пречекува Баерн Минхен во 3.коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Хулиганите на Галатасарај и Баерн синоќа предизвикаа целосен хаос на улиците на Истанбул. Летаа тупаници, столици и тврди предмети на сите страни.

Сето ова го започнаа навивачите на домашниот тим. Тие го чекаа ривалот и потоа дојде до жестока тепачка во која беа употребени многу тврди предмети.

На социјалните мрежи веднаш се појавија видеа од тепачката. Беше навистина жестоко, а засега нема извештаи за повредени лица.

Баерн има перфектен учинок од две победи од два меча и има шест бода, додека Галатасарај забележа реми и победа и има четири освоени бода.

ПретходноШокантно: Повеќе гледачи има во “селските лиги“ отколку на мечевите на Ал-Етифак на Стивен Џерард!
СледноМеси: Бензема? Да бидам искрен – заслужено!