Ново име за клупата на Работнички

1657

По четири одиграни кола во Првата лига во Работнички се вклучи алармот. Најтрофејниот кошаркарски колектив влезе во серија од два порази во домашниот шампионат. Првиот удар на „црвено-белите“ им го нанесе Чаир 2030, а вториот и се чини најтешкиот дојде од вечниот ривал, МЗТ Скопје. Наместо неизвесна пресметка, дуелот во „Кале“ се претвори во лесен тренинг за тимот од Аеродром.

Овој епилог го фрли во очај Работнички, а одговорноста за ќе ја сноси Димитар Мираковски. Иако се уште нема ништо официјално, сепак е познато дека младиот тренер и раководството на клубот ќе се разделат.

Во јавноста се шпекулира со имињата околу наследникот на Мираковски. Јорданчо Давитков и Горан Самарџиев беа првите две опции кои се појавија во јавноста за тренерското место на клупата на најтрофејниот кошаркарски колектив.

Најновото од Работнички е Саша Димитријевиќ. Поранешниот младински селектор во машка и женска конкуренција е една од опциите за клупата на „црвено-белите“.

Тој неколку години мина во Малта каде беше еден од одговорните за работа во младинските селекции на оваа земја, а со клубот освои три национални Купа, беше координатор за женска кошарка во Македонија, а во моментов работи на прокетот „Кошарка во количка“.

Димитријевиќ е сосема различен профил од Давитков и Самарџиев, па може да донесе поинаква перспектива во редовите на Работнички, бидејќи е познат по својата дисциплина за работа и дава шанса на млади кошаркари.

За денеска е најавена седница на Управен одбор на која ќе бидат решени многу дилеми.

ПретходноПроблем за Реал Мадрид пред „Ел Класико“
Следно„Комити“ со апел до Данела Арсовска и Славевски: Имате 48 часа да ги исплатите средствата!