Почнува НБА: Денвер ја брани титулата, главни конкуренти Милвоки и Бостон

196

Ноќта меѓу вторник и среда, бранителот на титулата Денвер Нагетс ќе ги одмери силите со Лос Анџелес Лејкерс и со тоа ќе биде крената завесата за почеток на новата сезона во НБА лигата. Тимот од Колорадо во новата сезона влегува со речиси непроменет состав, од шампионскиот тим недостасува Брус Браун кој прејде во Индијана.

А Лејкерс во февруари го трансформира составот, па сега очекува да одигра главна улога во првенството.

Главните конкуренти на Нагетси се екипите од источниот брег – Милвоки и Бостон. Бакс направи дуо од соништата со тоа што на Антетокумпо му го донесе Дејмиен Лилард од Портланд. Но истовремено тимот остана без еден од најдобрите дефанзивци Џру Холидеј кој премина во Портланд, а од таму во големиот ривал Бостон.

Селтикси имаат екипа за висок пласман, Џејсон Тејтум е сопственик на најголемиот договор во историјата на лигата, тука е уште Џејлен Браун.

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг имаат многу работа во Далас кој атакува на петтата титула. Финикс Санс на Дурент и Букер му го донесоа одличниот стрелец Бредли Бил.

Сан Антонио Спарс ќе биде во центарот на вниманието поради младиот Французин кој воодушеви во пред сезоната Виктор Вембењама кој има шанса својот талент да го покаже во најсилната лига на светот.

ВТОРНИК-СРЕДА (24-25.10.2023)
ДЕНВЕР – Л.А. ЛЕЈКЕРС 1:30 ч.
ГОЛДЕН СТЕЈТ – ФИНИКС            4:00 ч.

СРЕДА- ЧЕТВРТОК (25-26.10.2023)
ШАРЛОТ – АТЛАНТА       1:00 ч.
ИНДИЈАНА – ВАШИНГТОН          1:00 ч.
ЊУЈОРК НИКС – БОСТОН             1:00 ч.
ОРЛАНДО – ХЈУСТОН     1:00 ч.
БРУКЛИН – КЛИВЛЕНД 1:30 ч.
МАЈАМИ – ДЕТРОИТ     1:30 ч.
ТОРОНТО – МИНЕСОТА 1:30 ч.
ЧИКАГО – ОКЛАХОМА   2:00 ч.
МЕМФИС – ЊУ ОРЛЕАНС            2:00 ч.
ЈУТА – САКРАМЕНТО       3:00 ч.
САН АНТОНИО – ДАЛАС              3:30 ч.
Л.А.КЛИПЕРС – ПОРТЛАНД         4:30 ч.

ПретходноЌе ја изгубат титулата, а нив „мува не ги лази“ – лумпуваа и китеа девојки со пари во ноќен клуб! (видео)
СледноМаџунков со две победи ја почна сезоната во новиот клуб