Познати се судиите за утрешните мечеви од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Интересно е што Ивана Пројковска, нашата најдобра судијка добива се поголема шанса да се докаже и во машкиот фудбал. Па така таа ќе го суди мечот во Штип меѓу Брегалница и Јанг Тим.
Мечот меѓу Вардар и Македонија ЃП ќе го суди Димитар Пилешков од Штип, дуелот Работнички – Шкендија ќе го суди Александар Грујоски а на “Езерското дерби“ меѓу Воска и Струга ТЛ, правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО И СУДИИ (СРЕДА – 14 Ч)
Вардар – Македонија ЃП: Димитар Пилешков (Штип)
Брегалница – Јанг Тим: Ивана Пројковска (Скопје)
Работнички – Шкендија: Александар Грујоски (Кичево)
Силекс – Башкими: Фатмир Бафто (Охрид)
Пелистер – Тиквеш: Ндерим Тефику (Куманово)
Брера Струмица – Гостивар: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Шкупи – Охрид: Благојче Ралевски (Битола)
Воска – Струга ТЛ: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)