„Тројка“ на Талески во првата победа на Бенфика во Европската лига

116
📸 FAP
📸 FAP.

Екипата на Бенфика за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Талески ја запиша првата победа во групната фаза во Европската лига. Португалскиот тим максимално ја искористи предноста на домашен терен славеше против Кристианстад со 36-33 во рамките на второто коло во ова натпреварување.

Гостите имаа водство само на стартот, по што домаќинот со серија од 4-0 поведе со 6-3, а нешто подоцна со нова серија од четири гола дојде на 11-5. Пред крајот на првото полувреме Бенфика го имаше и најголемото водство на мечот од седум гола (18-11), но гостите чудесно се вратија па на одморот намалија на 20-17.

Во вториот дел Бенфика ја имаше контролата на мечот, иако противникот на двапати успеа да дојде во егал, но не и да приреди пресврт.

Македонскиот репрезентативец постигна три гола од шест обиди, сите во првото полувреме.

Фото: 📸 FAP.

ПретходноМаџунков со две победи ја почна сезоната во новиот клуб
СледноЛШ: Галатасарај создаваше шанси, Баерн победи, три бода и за Интер (ВИДЕО)