Чурлинов стрелец на гол во победата на Барнли над Блекбурн

1115

 

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов настапи за У21 тимот на Барнли во победата над Блекбурн во дербито на Ланкашир со 2:0 во младинската Премиер лига. Чурлинов кој неодамна се врати после долга пауза поради здравствени проблеми одигра меч за младинската екипа и стрелаше прецизно во 42 минута со шут од голема далечина.

Чурлинов играше до 70. минута, а се  уште не е спремен за комплетни 90 минути. Поради долгата пауза потребно му е време да ја крене мускулната маса и да ја врати формата.

ПретходноИвановски тренираше со Ѓоковиќ
СледноУдинезе се раздели со Сотил, а го враќа Чофи