Шокантно: Повеќе гледачи има во “селските лиги“ отколку на мечевите на Ал-Етифак на Стивен Џерард!

887

Многу ѕвезди, многу познати играчи и тренери се преселија во С. Арабија, но таму на тие натпревари од елитната лига посетата е катастрофална. Освен кога играат Ал-Наср и Ал-Хилал, се друго е катастрофа во поглед на посетата.

Поради тоа медиумите во Англија и тоа како се потсмеваат, посебно кога станува збор за екипата на Стивен Џерард, А-Етифак.

Имено Англичаните се фалат дека кај нив има повеќе гледачи во “селските“ лиги отколку на Ал-Етифак.

Па така на средбата на Ал-Етифак и Ал-Ријад имало само 696 гледачи, додека на дуелот меѓу Клитерој и Њукасл Таун, меч од осмата лига во Англија, имало 702 гледачи.

ПретходноМлад фан на Сити со молба до Пеп: Меси ти е добар пријател, ќе можеш ли да му се јавиш за да дојде кај нас! (ВИДЕО)
СледноНавивачите на Баерн нападнати од фановите на Галата (ВИДЕО)